Атланта синоќа на домашен терен славеше против Јута на гостински терен со 132-122. На трибините „јастребите“ имаа поддршка, а во центарот на вниманието се најде еден фан, кој го носеше дресот на Перо Антиќ.
Единствениот Македонец кој заиграл во НБА-лигата беше член на овој тим од 2013 до 2015 година. Антиќ остана легенда на Атланта, а за тоа говори и овој фан, кој се уште гордо го носи дресот на поранешниот претседател на КФСМ и македонската репрезентација.
Фотографијата ја сподели токму Атланта на Х мрежата и напиша: Требаше да знаеме дека нè очекува нешто посебно кога го видовме овој навивач.
И така беше…Перо е легенда во светски рамки.
Should have known we were in for something special when we saw this fan pic.twitter.com/oxC54qye3j
— Atlanta Hawks (@ATLHawks) November 14, 2025










