Седмото коло во Супер-лигата стартува со дерби дуелот помеѓу двата минатогодишни финалисти, МЗТ Скопје и ТФТ. Дуелот се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот. Ова се и двете екипи кои ја претставуваат македонската кошарка во второлигашката конкуренција во АБА2-лига.
Актуелниот македонски првак има еден пораз, истиот го заработи откако покажа голема непрофесионалност, падна на едноставните чекори во кошарката, а тоа е пријавната листа на играчи за еден меч.
На другата страна ТФТ е лидер и нема пораз, и пред овој меч е единствениот тим кој има перфектен скор после шест гола.
Овие два тима добро се познаваат, во финалето лани тимот од Тафталиџе беше поразен со 3-1 во серијата. Ова беше една од најочајните пресметки за титула во историјата на македонската кошарка, квалитетот беше под секое ниво.










