КФСМ одлучи по жалбата на Пелистер: Суспензии за судиите и делегатот!

123
ФОТО: КК Пелистер Битола/FB

Пелистер после поразот од МЗТ Скопје во минатото коло на домашен терен и официјално потврди дека ќе се жали за начинот на кој судиите ја делеа правдата во одлучувачките моменти во кои битолчани заработија две исклучувачки, една беше наменета за тренерот и една за официјално лице на тимот.

КФСМ делумно ја прифати нивната жалба официјалните лица ги суспендираше. Делегатот Данески доби суспензија од четири меча, додека пак судиската тројка Ѓорески, Михајловиќ и Огненов добија суспензија од два меча, поради грешките кои ги направиле.

Казна има и за Пелистер и тоа парична од околу 120.000 денари, голем дел е за претставниците на клубовите, а мал дел за техничките грешки.

ПретходноНов предизвик за деветмина пинг понг надежи
Следно„Ако Јамал продолжи вака нема да трае уште долго“