Апсолутно заслужено: Пешевски во тимот на колото во ЛШ! (ВИДЕО)

34

И повеќе од заслужено. Нашиот репрезентативец и ракометар на Пелистер, Жарко Пешевски е во тимот на колото во ЕХФ Лигата на Шампионите. Колку за потсетување, Пешевски беше маестрален на мечот со ПИК Сегед, на кој нашиот шампион славеше победа и тоа пред своите фанови во преполната сала “Боро Чурлевски“.

Пешевски постигна седум голови од седум обиди. Со ова тој е избран и за најдобар пивот за 2.коло во елитната ракометна лига во Европа.

За играч на колото е избран фантастичниот Гидсел, а покрај него и Македонецот Пешевски, во идеалниот состав на 7.коло во ЛШ се и Елисон, Биоска, Мартим Коста, Грендал, Алеиш Гомез и Макс Дарј.

ПретходноНатпреварите од 13.коло во ВМФЛ ќе се играат в петок!
СледноНема повеќе непоразени: МЗТ Скопје и натаму е класа за ТФТ (ФОТО)