Гвардиола:„Светот ја остави Палестина сама, дозволивме Израел да уништи цел еден народ!“

94
фото: Manchester City (X)

Утре ќе се одигра пријателска или ревијална средба меѓу Каталонија и Палестина. Интересот е огромен поради актуелните случувања во Газа, а многу познати фаци од светот на спортот, даваат силна поддршка на напатениот народ на Палестина и се промотори на овој меч.

Покрај останатите тука е Пеп Гвардиола кој и во минатото имал што да каже на оваа тема:

Тоа е повеќе од симболичен натпревар. Денес сè е познато и со овој конфликт Палестинците ќе видат дека постои дел од светот што мисли на нив. Светот ја остави Палестина сама. Апсолутно ништо не направивме. Не е нивна вина што се родени таму. Сите им дозволивме да уништат цел народ. Штетата е веќе направена и е непоправлива. Не можам да замислам човек на овој свет кој би можел да ги брани масакрите во Газа. Нашите деца би можеле да бидат таму и да бидат убиени само затоа што се родени таму. Имам многу малку доверба во лидерите. Тие прават сè што е потребно за да останат на власт.“ рече покрај другото големиот тренер и големиот хуманист.

ПретходноМбапе од ПСЖ бара 240 милиони евра, клубот од Париз од него бара 180 милиони!
СледноРК Пелистер му се заблагодари на Нејц Цехте, кој се пресели во Фуксе! (ФОТО)