Вечерва во меч од ВТБ лигата, нашиот најдобар кошаркар, Ненад Димитријевиќ, уште еднаш потврди дека се враќа во својата потребна форма по повредата.
Имено Македонецот запиша 13 поени и пет асистенции за 24 минути колку мина на паркертот во дресот на Зенит и беше еден од најдобрите поединци во тимот од Санкт-Петербург кој слаеше против Њижни Новгород со 102:80.
Освен во третата четвртинам Нено и другарите во текот на останатиот дел од натпреварот доминираа и на крај сосема заслужено победија.
Сега имаат скор од 7-4 и се на четвртата позиција на табелата во ВТБ лигата.










