Штип УГД преку “златен сет“ до главната рунда во Челинџ Купот!

39
ФОТО: Одбојкарска федерација на Македонија/FB

Македонската машка клупска одбојка ќе има претставник во европските клупски купови и во новата година, со оглед на тоа дека Штип УГД запиша историски триумф од максимални 3:0 (25:18, 25:23, 25:16) против норвешки Кол Ил и преку “златен сет”, кој го доби со убедливи 15:8, обезбеди опстанок во Челинџ купот.

Вечерва во салата “25 Мај” во Радовиш, македонскиот претставник одигра натпревар како по ноти, беспрекорно функционираа сите елементи. Дисциплинираната игра овозможи Штип УГД да ја анулира негативата од 3:1 што ја имаше од првиот меч во Осло и по само 80-тина минути игра да стигне до максимална победа и “златен сет”.

Во клучниот сет Штип УГД влезе еуфорично и фуриозно со 4:0 и 6:1 веднаш давајќи до знаење дека нема ништо да остави на случајност.

Стојан Илиев 22 поени Махди Заднард реализираше 15 поени, Стојче Арсов 11, Михајло Мирасчиев 10, Леандро Оливеира шест.

Следен предизвик за Штип УГД во главната рунда од Челинџ купот ќе биде италијанскиот тим Милано.

ПретходноШкендија со повик до фановите да се купуваат билети за гостувањето кај Дрита во ЛК!
СледноХакими е освојувач на “Златната топка“ во Африка!