Првите луѓе на Ливерпул веруваат во Вирц!

34
ФОТО: LiverpoolFC/FB

Иако сеуште во Премиерлигата нема постигнато гол, нема запишано ни асистенција, сепак раководните луѓе на Ливерпул веруваат во Флоријан Вирц.

Претседателот на Ливерпул, Том Вернер, ја уверува јавноста дека Вирц е некој што ќе придонесе за дополнителен раст на овој клуб. Можеби ќе биде критикуван за неговиот недостаток на перформанси како засилување кое пристигна за над 130.000.000 евра, но Германецот е инспиративен на теренот. Дури и не мора внимателно да ги следите неговите движења за време на натпреварите за да го видите тоа.
Единственото нешто што недостасува е статистиката што ќе ја поткрепи, а таа секако дека ќе дојде, апсолутно сите се убедени. Во исто време, остатокот од тимот е надвор од форма, но најлесно е да се фатат за човекот кој мораше да се прилагоди на сосема нова средина и побрз фудбал.

И по низа експерти кои уверија дека Флоријан Вирц ќе заигра во одреден момент, еден од двајцата главни луѓе во клубот од Енфилд, Том Вернер изјави:
„Кога имате можност да доведете играчи од таков калибар, се обидувате. Имаме пример во Флоријан. Тој е прекрасен талент. Можен освојувач на Златната топка. Од сите работи што се предвидуваат за Флоријан, ако се остварат само половина од нив, тој ќе ни допринесе многу“, уверува Вернер.

ПретходноДон Флорентино збеснал кога дознал дека Модриќ преговара со друг клуб!
СледноИлиев: Историско деби, одигравме без грешка