Теренот е поплавен: Мечот меѓу Г.Коњари и Охрид е одложен, ќе се игра на 3 декември!

128

За утре се закажани мечевите од 13.коло во ВМФЛ и тоа со почеток од 13 часот. Сепак еден нема да се игра, и тоа оној во Коњари меѓу домашниот тим и Охрид. Теренот е поплавен, нема услови за игра, па затоа истиот е одложен и е презакажан за 3 декември.

Ова е официјално. Инаку утре се игра и големото дерби меѓу Шкендија Арачиново и Брегалница. Меч кој може да им донесе на Арачиновци голема бодовна предност пред натамошните натпревари во битката за првото место кое води директно во ПМФЛ.

Имено во случај на победа, тогаш Шкендија Арачиново ќе има дури осум бодови предност пред штипските “сини“.

ПретходноЛина поразена во 1/8 финалето во Трнава
СледноПрилеп доби современ мултифункционален спортски центар – Ристовски: Вложуваме во подобра иднина за младите