Миклер ја „спушти ролетната“, Пик Сегед убедливо му се реваншираше на Пелистер (ВИДЕО)

106
Фото: Еурофарм Пелистер

Пелистер не успеа да ја повтори истата игра од пред седум дена. Пик Сегед беше максимално подготвен, не му дозволи на македонскиот првак да приреди сензација, а сето тоа благодарение на искусниот голман Роналд Миклер, кој беше неверојатен и запиша 10 одбрани. На крајот Пелистер беше поразен со убедливи 35-20 (14-9).

Кукиќ и Фримен со по седум погодоци беа најдобри кај победникот. По три гола на другата страна имаа Манасков и Хаџиќ, Хејдарирад имаше осум одбрани, додека Митревски 4.

Пелистер го отвори мечот преку Хенигман, првиот гол падна во третата минута. Македонскиот тим пропушти шанса да поведе со два гола. Пик Сегед го превзема водството, со серија од 4-0 дојде на плус три (7-3) во 14-та минута. Во меѓувреме Гарабаја повика тајм-аут.
Манасков го прекина налетот на противникот, но само на кратко. Миклер влезе во серија на одбрани, па неговиот тим дојде на плус 6 (10-4) во 18-та минута. Пелистер врати со 4-1 серија и дојде на негатива од 11-8. Миклер (11 одрани) беше неверојатен, Пик Сегед на одморот замина со 14-9. Хејдарирад запиша седум одбрани.

После само пет минути игра во вториот дел, после 13-тата одбрана на Миклер, унгарскиот тим поведе со 17-10, три минути подоцна беше 20-11. Гарабаја повика нов тајм-аут во меѓувреме, но ништо не се промени. На средината на второто полувреме, резултатот беше (25-14), додека на стартот на 50. минута беше (28-15). Негативата растеше, по што Гарабаја одлучи на терен да ги стави ракометарите кои имаат мала минутажа.

За битолскиот тим ова беше шести пораз, има две победи. Во следното коло, Пелистер е домаќин на Магдебург.

Во останатите натпревари одиграни вечерва, Динамо (Б) на домашен терен го победи Нант со 29:28, додека Висла плоц на гостувањето во Данска против ГОГ обезбеди триумф од 30:28.

ПретходноИлиев: Историско деби, одигравме без грешка
СледноРајт: Некои луѓе не сакаат црна суперѕвезда во англиската репрезентација