Селекторот на данската ракометна репрезентација, Николај Јакобсен се соочува со проблеми пред почетокот на Европското првенство 2026, а на кое Македонија ќе отвори токму против оваа селекција.
На дуелот меѓу Алборг и Келце, се повреди Томас Арнолдсен. Со помош на соиграчите го напушти теренот, а сѐ што во моментов се знае е дека е повреда на коленото.
Томас Арнолдсен е шестиот повреден лев/среден бек на репрезентацијата на Данска после Расмус Лауге, Арон Менсинг, Ласе Мелер, Маркус Митгард и Јакоб Холм.
Можеби Даанска нема да смета на дел од нив, но има доволно избор за да биде еднакво конкрентна на големите натпреварувања.










