Работнички мора да почне да победува, ако сака да го избегне најлошото

0
ФОТО: ФК Работнички/FB

Работнички никако да „кликне“ оваа сезона, а по 13 одиграни кола има само седум освоени бода и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Ова придонесе за нова промена на тренерската позиција, па во репрезентативната пауза кормилото го презеде српскиот стратег Ален Тупајиќ, на местото на Турчинот Алпарслан Ердем.

„Позицијата на Работнички е незавидна и сите во клубот сме свесни дека тимот мора да почне да победува и да освојува поени, затоа што бодовното салдо досега е повеќе од скромно. Затоа и дојдов, да промениме некои работи и да се обидеме да ги подигнеме нивото на играта и мотивацијата. Не е спорно дека Работнички поседува квалитет, но ќе треба тоа да го покажуваме од натпревар во натпревар и пред сѐ да освојуваме бодови. Струга Трим Лум е еден од најдобрите тимови во лигата, но посакуваме позитивен резултат, за да напрвиме еден добар исчекор“, вели новиот тренер, Ален Тупајиќ.

ПретходноДончиќ шоу-тајм: Му ја украде топката, му ја протна меѓу нозе и го фрли коментаторот во транс (ВИДЕО)