Македонската фудбалска репрезентација за противник ја доби Данска во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство 2026 година. Нашиот најдобар национален тим ќе биде гостин на овој меч, кој ќе се игра во Копенхаген.
Натпреварот ќе се игра стадионот „Паркен“, кој има капацитет од нешто повеќе од 38.000 местаа.
Веќе е познато дека мечот е закажан за 26 март со почеток во 20:45 часот, а билетите ќе бидат во продажба од февруари.
Доколку Македонија ја победи Данска ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Ирска – Чешка.
Според последните најави во март Македонија ќе биде се нов селектор бидејќи на Благоја Милевски договорот истекува на крајот на оваа година, а ФФМ нема намера да го продолжи истиот. Негов наследник е Гоце Седлоски од домашните тренери, додека Славен Билиќ од странските.










