Милан го победи Интер со 1:0 на „Џузепе Меаца“ во дербито од 12. коло на Серија А. Со оваа победа Милан се искачи на второто место во Серија А.
Натпреварот го прокоментира тренерот на Милан, Масимилијано Алегри:
„Тоа беше одлична победа, забавен натпревар. Првите 15 минути влеговме малку нервозно, но потоа се опуштивме и имавме четири или пет ситуации во кои можевме подобро да одлучиме во последната третина, особено кога требаше да ги бутнеме Пулишиќ и Саелемакерс повисоко“, изјави Алегри за DAZN Italia и додаде:
„Требаше да бидеме попрецизни во центрирањата, а потоа во второто полувреме, откако дадовме гол, беше нормално Интер да се врати. Имавме неколку добри ситуации со Леау еден на еден, добро се браневме со превентивно маркирање, што е важно против Интер, бидејќи може да биде смртоносен кога ќе излезе од првиот пресинг.“
Голема разлика меѓу нив е учинокот на големите натпревари, ги победија Болоња, Наполи, Рома и Интер, одиграа нерешено со Јувентус, но губеа бодови против помали клубови.
„Мислам дека имаме онолку бодови колку што заслужуваме, бидејќи многу лесно можевме да ремизираме со Наполи и Рома, така што на крај сè се балансира“, инсистираше Алегри.










