Екипата на Струга Трим Лум во рамките од денешниот дуел од 14. коло од ПМФЛ шампионатот на гостински терен во Скопје на комплексот Петар Милошевски против тимот на Работнички на полувреме води со 0:2.
Моменталниот резултат во целост ги одсликува настаните на овој дуел во кој гостите едноставно доминираат и заслужено водат.
До водство дојдоа во единаесеттата минута кога Стефан Јевтоски со одличен удар од линијата на шеснаесетникот го совлада Василев.
За да десет минути подоцна Малески одлично избегна офсајд замка излезе сам пред голот на Работнички и неодбранливо пласираше.
Домаќинот на два пати се обиде преку Демир Имери, еднаш и тоа сериозно но Анџелети одлично реагираше и спаси гол.















