Масовна тепачка на фудбалски меч во Ц.Гора, има и уапсени

0

Голем скандал ја тресе јавноста во Црна Гора. На дуелот на екипите од младинскиот погон на Стар Аеродром и Беране, дошло до масовна тепачка по која на лице место полицијата интервенирала и уапсила неколкумина. Целиот инцидент го направил фудбалер кој во текот на мечот бил заменет, седел на трибината, и при еден прекин ја прескокнал оградата и започнал тепачка.

Инцидентот траел неколку минути, по што органите на редот конечно ја ставиле ситуавијата под контрола.

 

ПретходноКирил Изов го објави составот на женската репрезентација до 19 години за квалификацискиот турнир во Струмица