Влезот за Македонија и Азербејџан е бесплатен!

26

Машката сениорска репрезентација на Македонија во четврток (19 часот), ќе го одигра својот прв натпревар од квалификациите за Евробаскетот во 2029 година. Во салата на СРЦ „Кале“ гостува репрезентацијата на Азербејџан, во првиот претквалификациски натпревар од групата „А“, а влезот ќе биде слободен.

„За таа цел, и во оваа прилика, Македонската федерација ги повикува сите искрени љубители на кошарката, и фанови на нашата најдобра машка репрезентација да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на момците во овој натпревар, за кој влезот ќе биде слободен“, порачаа од КФСМ. 

Натпреварот меѓу Македонија и Азербејџан ќе биде директно пренесуван на МРТ.

ПретходноРадивојевиќ: Магдебург е тешко да се изненади, но во Битола покажавме дека се е возможно!
СледноСпахиу пред Пелистер: Знаеме колку е важен овој натпревар