ФИФА ги објави шеширите за СП 2026: Победниците на баражите ќе бидат во групата на „аутсајдери“

66
фото: fifa.com

Ждрепката за Светското првенство во фудбал ќе се одржи на 5 декември 2025 година во Вашингтон. Иако сè уште има време, ФИФА ги објави процедурите за извлекувањето на групите.

Според објавата на ФИФА, домаќините – Канада, Мексико и САД – ќе бидат распределени во првиот барабан, додека 39-те преостанати квалификувани селекции ќе бидат распределени во четири шешири од по 12 екипи, според рангирањето објавено пред една недела.

Двете репрезентации кои ќе дојдат на СП преку интерконтиненталните баражи, како и четирите од европските плеј-оф дуели, ќе бидат сместени во четвртиот шешир. Ова значи дека ако Македонија направи сензација и ги мине баражите ќе биде во четвртиот шешир при извлекувањето на групите за Мундијалот 2026.

Според ФИФА, вака изгледаат шеширите пред ждрепката во Вашингтон:

Шешир 1: Канада, Мексико, САД, Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Германија

Шешир 2: Хрватска, Мароко, Колумбија, Уругвај, Швајцарија, Јапонија, Сенегал, Иран, Јужна Кореја, Еквадор, Австрија, Австралија

Шешир 3: Норвешка, Панама, Египет, Алжир, Шкотска, Парагвај, Тунис, Брегот на Слоновата Коска, Узбекистан, Катар, Саудиска Арабија, Јужна Африка

Шешир 4: Јордан, Зелентортски острови, Гана, Курасао, Хаити, Нов Зеланд, селекции од европски плејоф А, Б, Ц и Д, селекции од интерконтинентален плеј-оф ФИФА 1 и 2

На ждрепката ќе има и некои ограничувања. „Највисоко рангираниот тим (Шпанија) и второ рангираниот тим (Аргентина) ќе бидат случајно распределени на спротивни патеки, а истото правило ќе важи и за третопласираниот тим (Франција) и четвртопласираниот тим (Англија). Ова значи дека, во случај на победа во групите, двата првопласирани тима нема да се сретнат пред финалето.

ПретходноМакедонските „баскетџии“ замина на СП во Дубаи
СледноЕкс-бразилски репрезентативец потпишал со Вардар и доаѓа во јуни