Омари Мур пред дебито: Среќен сум што станав Македонец!

98
Фото: КФСМ

Македонската кошаркарска репрезентација денеска ја почнува битката за пласман на Европското првенство 2029 година. Ниту овој пат нема да биде лесно бидејќи нашиот најдобар национален тим тргнва од претквалификациите. Прв противник е селекцијата на Азербејџан, а мечот се игра во 19 часот во СРЦ „Кале“. Влезот за оваа средба е слободен. Покрај оваа репрезентација во ноемврискиот прозорец, Македонија ќе игра против Ирска, а во група уште и Луксембург.

За денешната средба, селекторот Марјан Илиевски ќе смета на Омари Мур, новиот Американец, а после долго време се врати и Андреј Јакимовски. Нашиот тим ќе може да се потпре и на капитенот Војдан Стојановски.

„Целиот тим ме пречека одлично, а на тренинзите се запознав со играта која ја бара тренерот и едвај чекам да заиграм на натпреварот со Азербејџан. Се чувствувам одлично, возбуден сум за новиот предизвик.

Ме очекува деби во дресот на Македонија… Првите натпревари се секогаш непредвидливи затоа што за тебе ова е нешто ново, но и доста интересни. Се надевам на добар натпревар. Игра по планот и добар меч за навивачите кои ќе дојдат да ни дадат голема поддршка. Среќен сум што станав Македонец и ги повикувам сите да дојдат во сала на натпреварот кој ни следи“ – порачува новиот македонски репрезентативец пред вечерашниот натпревар во СРЦ „Кале“.

ПретходноСлот: Имавме доволно шанси за водство
СледноРепрезентативецот Маџунков се врати во Белгија и потпиша за Лувен