Магазинот „Атлетик“ објави дека Реал Мадрид го информирал Ливерпул дека нема интерес за потпис на централниот дефанзивец Ибрахима Конате, чиј договор истекува во јуни 2026 година.
Реал се откажа од желбата за Конате, кој беше поврзуван со шпанскиот клуб во последните месеци. Играчот, чиј договор истекува во јуни 2026 година, сега ќе мора да размисли дали да остане во дресот на „црвените“.
Конате можеше да започне преговори за својата иднина од 1 јануари, бидејќи неговиот договор со клубот од Енфилд истекува во јуни. Сепак, со оглед на тоа што Реал Мадрид сега се откажа од него, тој ќе мора да одлучи дали да го продолжи договорот со клубот од Англија илид а чека нови понуди од други европски екипи.










