Верон одби да стои во шпалир за Розарио, па доби жестока суспензија!

55
фото: Valentin Turello (X)

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Хуан Себастијан Верон, е суспендиран од сите фудбалски активности од страна на Аргентинската фудбалска асоцијација во траење од шест месеци.

Тој моментално е претседател на Естудијантес во Аргентина, клубот во кој ја започна и ја заврши својата играчка кариера.

Тој беше суспендиран откако одби да застане во шпалирот за Розарио Централ, кој беше крунисан за шампион на Аргентина, во знак на протест против промената на регулативата спроведена минатата недела.

Аргентинската лига е поделена на два турнира; Апертура и Клаусура. Розарио Централ ја доби титулата во лигата, што е нова титула, поради тоа што имаше најголем комбиниран број на бодови на двата турнира, но тимот не освои ниту еден турнир.

Според претходните правила, тимот ќе се квалификуваше само за Копа Либертадорес, но новата титула одеднаш беше создадена од ништо. Покрај казната што ја доби Верон, играчите кои не не застанаа во шпалирот и завртеа грб се суспендирани на по два натпревари, казна што ќе ја отслужат следната сезона.

ПретходноПауновиќ повеќе не е селектор на одбојкарките
СледноШто велат бројките: Реал, Виљареал, Нант… имаат најубиствени контранапади!