Што велат бројките: Реал, Виљареал, Нант… имаат најубиствени контранапади!

19
фото: Real Madrid CF (X)

Компанијата Opta Analyst направи интересно истражување за клубовите во Европа кои оваа сезона имаа најдобра реализација на т.н. контранапади. Според Opta Analyst, нападите се дефинирани како директни ако почнуваат од сопствената половина и се состојат првенствено од вертикални додавања. Овој опис опфаќа не само контранапади, туку и продолжени вертикални додавања.

Кога ќе се сумираат сите досегашни натпревари на клубовите во најсилните пет национални шампионати, лидер во оваа категорија е Реал (М). Мбапе, Винисиус и компанија, во досегашниот дел од сезоната имаат во просек 3,15 голови постигнати од контранапади и убедливо се најдобрата екипа во овој елемент од фудбалската игра.

На второто место на листата е Виљареал. Шпанскиот прволигаш оваа сезона дури 2,95 голови во просек ги постигнал од контранапади, додека просекот на третопласираниот Нант е 2,31.

Во ТОП 5 листата во овој сегмент според податоците на Opta се и екипите на Лајпциг (2,27) и на Верона (2,17).

ПретходноВерон одби да стои во шпалир за Розарио, па доби жестока суспензија!
СледноОдложени мечевите од У19 квалификацискиот турнир во Струмица