Навивачите на Босна го чинат сојузот 141.000 франци

25

ФИФ ќе го казни фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина поради кршење на правилата и кодексот на однесување на навивачите при гостувањето на нивната репрезентација во Виена, на квалификацискиот дуел од Мундијалската кампања против домаќинот Австрија одигран на 18 ноември.

Надлежните забележале преку дваесет случаји на кршење на правилата и прописите, и сето тоа ќе го чини босанскиот сојуз 141.000 франци.

Само за потсетување, десетици илјади босански навивачи беа присутни во Виена, на дуелот кој патем заврши 1:1, а Босна имаше водство се до десетина минути до крајот.

 

ПретходноСтојановски: Секој меч е различен, јас сум тренер што го интересира неговиот тим
СледноАрсими сезонава не се шегува…. победничко фото среде Кратово