ВМФЛ: Одложени се четири меча од утрешното последно есенско коло!

959

Нови проблеми за надлежните во ФФМ, односно на луѓето од Комисијата за натпревари. Имено најмалку четири меча од утрешното последно есенско коло во ВМФЛ се одложени и тоа порадо проблемите со терените.

Па така средбите Детонит – Скопје, Слога (В) – Охрид, Осогово – Новаци и Кожуф – Вардар (Н) се одложени и тие најверојатно ќе се играат напролет, планирано е за 14 февруари. Сепак за ова конечно ќе се донесе одлука за ден – два, најважно е дека овие четири меча утре нема да се играат и дефинитивно. Под знак прашалник е и мечот меѓу Г.Коњари и Тетекс.

ПретходноАрсими сезонава не се шегува…. победничко фото среде Кратово
СледноЧеде Јаневски не е веќе тренер на Красава!(ФОТО)