Нашиот репрезентативец Ставре Јада, продолжува да ги освојува снежните патеки и со голема посветеност да ги претставува боите на Македонија. Овој викенд, Ставре Јада се натпреваруваше на две ФИС трки во конкуренција со врвни светски скијачи, потврдувајќи дека македонското скијање има свој силен амбасадор на меѓународната сцена.
Во Санта Катерина Валфурва – Италија, на трката 10км мажи, Ставре се пласираше на 23-то место од 103 натпреварувачи, со освоени 115 ФИС поени.
Ден подоцна, во Сент Мориц – Швајцарија, на 10км мажи, го освои 33-то место од 55 учесници, со освоени 118 ФИС поени.










