Кремонезе со супер триумф кај Болоња

14

Тимот на Кремонезе го одработи вечерва можеби клучниот трииумф есенва што се однесува до бодовите и ситуацијата на табелата.

На гостувањето кај Болоња извојувана е победа од 1:3, со што Кремонезе дефинитивно бега од долниот дел од табелата и опасната зона.

Гостите на овој дуел имаа клучни четири минути во првиот дел. Пахеро во 31. минута, па Џејми Варди во 34. погодија за 0:2, за да во судиското продолжение Орсолини намали на 1:2.

Џејми Варди повторно како во своите најдобри денови погодува за 1:3 во 50. минута, а потоа домаќинот веќе немаше сила за да резултатски се враќа во игра.

 

ПретходноФИФА со детали околу извлекувањето на групите за Мундијалот 2026
СледноРајо и Валенсија ги поделија бодовите