Шундовски ќе биде привремен тренер на Е. Пелистер

81
фото: RK Eurofarm Pelister (X)

По оставката на досегашниот тренер на РК Е. Пелистер, Рубен Гарабаја, до крајот на полусезоната екипата ќе ја води директорот на клубот, Звонко Шундовски.

“Пред клучните натпревари од сезоната 2025/2026, Звонко повторно храбро и несебично ја презема одговорноста за тимот, како и многупати досега кога било најпотребно, сè до назначувањето на нов тренер. Ги повикуваме сите вистински љубители на ракометот, како и битолската јавност, да застанеме обединето зад нашиот клуб во претстојните предизвици”, порачаа од битолскиот состав.

ПретходноГарабаја си замина од Битола: Е. Пелистер ќе бара нов тренер!
СледноМакедонија до 16 години ќе одигра два контролни меча против Кипар