РК Вардар договорил десно крило од Србија!

181

Како што пренесуваат медиумите во Србија, РК Вардар го договорил Вукашин Воркапиќ, десно крило на Војводина. Се пренесува дека трансферот набрзо ќе биде официјализиран а Воркапиќ ќе го облече дресот на Вардар за следната сезона.

Воркапиќ важи за едно од најдобрите десни крила во Србија, важи за еден од најдобрите ракометари на Војводина и секако дека ќе биде големо засилување за тимот на Вардар во следната сезона.

Ова покажува дека некогашниот двоен европски шампион и за следната сезона има големи амбиции. Вардар до вчера во домашниот шампионат беше перфектен, но во мега – дербито со Пелистер во Битола го доживеа првиот пораз.

ПретходноСлучајна средба со Барсегјан: Жалам што вечерва не играм против Шкендија, се радувам за Вардар!
СледноШкендија верува во победа против силниот Слован Братислава!