Еве што и треба на Шкендија да се најде во плеј – офот во ЛК! (ФОТО)

473

Шкендија и синоќа покажа како треба да се игра во Европа. Просто го “смачка“ силниот Слован со 2:0, иако според шансите победата требаше да биде поубедлива.

Важно е што сега тетовци се во зоната на плеј – офот на табелата, на тоа 21.место на табелата со 7 бодови. Дури сега се гледа што значат оние два бода од мечот со Јагелонија кога Шкендија прими гол во 90+10.минута.

Шкендија следниот четврток на Кипар кај АЕК Ларнака го игра последниот меч и јасно е дека со победа сигурно ќе се најде во следната фаза или во плеј – офот, би имала 10 бодови. Секако дека и реми нема да биде лошо, барем според сите математики и 8 бода ќе бидат доволни за пласман во нокаут фазата.

Инаку интересно е тоа што дури и со пораз шампионот на Македонија би можел да заврши најмалку на 24.место.

Но тоа да се случи ќе треба да се исполнат три услови: Купс кој има 6 бода да биде поразен на гости кај Кристал Палас, потоа Зрињски да не го победи дома Рапид и Бредаблик да не го победи Стразбур на гости.

Од табелата се гледа дека математички само три клуба можат да и го “одземат“ местото на Шкендија во плеј – офот. Купс, Зрињски и Бреидаблик и тоа во случај на пораз на Шкендија на Кипар.

ПретходноЈокиќ феноменален, Денвер го понижи Сакраменто!
СледноБлагодарение на Шкендија скокнавме за уште едно место на УЕФА листата! (ФОТО)