Кога играш во Европа, а пред се кога имаш успесои и победуваш и кога си во лигашката фаза во ЛШ, ЛЕ или ЛК како што оваа есен тоа е Шкендија, секако дека и заработката е голема. Само вчерашната победа над Слован значи дека македонскиот шампион добива уште 400.000 евра. Да потсетиме дека истата сума ја доби со победата над Шелбурн, а по ремито со Јагелонија и 133.000 евра. Значи еден милион евра само од настапите во Лигата на Конференции или вкупно 5,4 милиони евра од јули наваму за настапите во Европа.
Секако дека тоа е голема пара за наши услови.
Но, Шкендија може и натаму да ја полни касата, дури и со пораз на Кипар во последното коло во ЛК, ако се најде во плеј – офот, ќе добие и дополнителни 200.000 евра само за пласманот во нокаут фазата. Секако дека во случај на победа или реми на Кипар оваа сума ќе биде уште поголема.










