Можеби Реал Мадрид ќе има нов тренер, ама тоа сигурно нема да биде Клоп!

102
ФОТО: Јurgen Klopp/X

Факт е дека Чаби Алонсо е во проблеми. Можеби уште вечерва ќе биде бивши тренер на Реал Мадрид,а јасна е желбата на раководството на Реал, да го ангажира Јирген Клоп.

Поранешниот трофеен тренер на Ливерпул не е вклучен во таа работа повеќе од една година, и токму тоа ги интригира многумина да веруваат дека тој би бил вистинското решение за Мадрид. Клоп не се занимава со тренерска работа, но не е без ангажман. Вработен е во Ред Бул како директор за глобални фудбалски операции, па доколку сака повторно да се ангажира некаде како раководител на професијата, ќе мора да се консултира и со оваа компанија.
И, од неа доаѓа веста дека Клоп сигурно нема да биде новиот тренер на Реал.
„Јирген беше многу јасен дека во моментов не сака да биде тренер. Секако, можно е овој став да се промени во одреден момент од неговиот живот, но можам да видам колку страсно ја работи својата сегашна работа, колку идеи има и колку сака да ги развие. Затоа сум целосно опуштен“, рече Оливер Минцлаф, директор на Ред Бул.

ПретходноСлот се најде во незавидна ситуација: На „Енфилд“ се појавија нови проблеми
СледноКога твојот тим ќе води со 3:1 а на крај ќе загуби, се случува ова…. (ВИДЕО)