Мначестер Јунајтед после долги преговори успеа да обезбеди 1.800 влезници за своите навивачи за гостувањето кај Јанг Бојс. Дуелот од Лига на шампиони се игра во вторник, а нешто порано швајцарските власти потенцираа дека не ги признаваат британските ковид-пасоши.
Сепак работите се променија, навивачите на Јунајтед сепак ќе можат да дојдат да ги бодрат своите миленици, ќе има брзо тестирање пред стадионот, а истото ќе чини 50 фунти.
Англсиките и швајцарските медиуми на големо пишуваат дека причината која Владата на Швајцарија се предомислила е дебито на Кристијано Роналдо на овој меч.
Јасно е дека интересот за овој дуел токму поради Португалецот ќе биде голем.










