Едноставно фантастичен, едноставно најдобар. За повеќе од 90 насто од играчите, ова би бил натпревар на нивната кариера, но за Никола Јокиќ е уште еден ден во „канцеларијата“. Ова најдобро покажува колку ги помести границите на кошарката. Во победата на Денвер над Хјустон од 128:125, по продолженија, Јокиќ потврди зошто многумина го сметаат за најдобар офанзивен играч во историјата на кошарката. Тој помина 42 минути на теренот, што е обично случај кога спротивниот тим има доминантен центар (во овој случај, Алперен Шенгун, кој го заврши натпреварот со 33 поени и по 10 скока и асистенции) и успеа да постигне 39 поени со 15 скока и 10 асистенции. Ова беше негов 13 трил-дабл во сезоната и 176 во кариерата.
Србинот погоди 13 од 27 шутеви од поле (5/9 за три) и осум од 11 слободни фрлања. Покрај тоа, имаше две украдени топки, две блокади и четири изгубени топки.
Тој дури отиде дотаму што си додаваше сам на таблата. Коби Брајант и Леброн Џејмс правеа нешто такво во врвот на својата моќ, а сега го прави и српскиот ас.
12/15/25
Game 24
With 2:58 left in OVERTIME Nikola Jokic recorded his 12th triple double of the season. 176th of his career.
39 points
15 rebounds
10 assists
…and counting
🃏 🐐 #MileHighBasketball— Gino Fornaro (@ginoliciousboss) December 16, 2025
Никој никогаш нема повеќе натпревари од него со учинок од 35/10/10. Сепак, сето ова не би било можно без големата помош на Џамал Мареј кој броеше до 35, со што ја „откажа“ одличната игра на Кевин Дурант кој стигна до 25 поени.
На останатите мечеви се постигнаа следните резултати: Бостон – Детроит 105:112, Мајами – Торонто 96:106, Јута – Далас 140:133 (прдолженија), ЛА Клиперс – Мемфис 103:121.










