Утре Шкендија во Ларнака игра за историја. Во последниот меч од 6.коло во ЛК, нашиот шампион му гостува на АЕК Ларнака и тоа на Кипар. Познато е што и треба на Шкендија за да се пласира во плеј – офот во ова натпреварување и испишување историја.
Инаку експедицијата не тетовци доцна синоќа, некаде околу полноќ пристигна во Ларнака а денеска е ден за аклиматизирање. Вечерва ќе се одржи и тренингот како и пресот.
Инаку денеска капитенот Бесарт Ибраими полни 39 години. Јасно е дека славење ќе има по мечот, но секако треба да се одбележи дека најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ со повеќе од 220 постигнати голови денеска полни 39 години.
Нека му е со среќа.














