Македонскиот шампион, Шкендија утре го игра еден од најважните мечеви во својата историја. На програмата е последното коло од групната фаза од Лигата на Конференции во која нашиот претставник има шанси да обезбеди пласман во елиминационата фаза на пролет, ако утре оствари добар резултат.
Противникот е тимот на АЕК Ларнака. Шкендија секако веќе е втор ден е на Кипар, денеска го одработи официјалниот тренинг, прес конференцијата и сите пропратни активности.
За време на вечерата, специјален гест на клубот, роденденска торта за капитенот Бесарт Ибраими кој што денеска слави 39. години. Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Шкендија, но и воопшто на ПМФЛ шампионатот, сеуште игра на највисоко ниво, а во своето обраќање кон екипата, посака успех на тимот утре и секако борба до последен здив.










