Трансфермаркт: Шкендија и натаму го има убедливо најскапиот тим во ПМФЛ!

852

Кога имаш успеси во Европа, тогаш јасно е дека вредноста на твојот тим и тоа како расте, барем според Трансфермаркт, специјализираниот сајт за вредност на клубови и играчи.

Па така и натаму Шкендија го има убедливо најскапиот тим во ПМФЛ, сега таа вредност изнесува 7.830.000 евра или 10.2% повеќе од последната објава на Трансфермаркт. Полека, но сигурно вредноста на Шкендија се наближува до 8 милиони.

Вардар е на второ место со 4.950.000 евра или 3.9% повеќе од последната објава, блиску е Струга ТЛ со 4.830.000 евра или зголемување за 4.3%.

Интересно, само вредноста на Работнички и Пелистер се намалила од последната објава на Трансфермаркт, тоа кажува многу. И тоа не е изненадување ако Пелистер а посебно Работнички имаа лоша есенска полусезона.

Ова е вредноста на сите наши клубово во моментов според Трансфермаркт:

ТАБЕЛА

1.Шкендија 7.830.000 евра

2.Вардар 4.950.000

3.Струга ТЛ 4.830.000

4.Силекс 3.820.000

5.Работнички 3.290.000

6.Брера 2.780.000

7.Македонија ЃП 2.680.000

8.Башкими 2.540.000

9.Пелистер 2.470.000

10.Арсими 2.420.000

11.Тиквеш 2.250.000

12.Шкупи 1.410.000

Ова значи дека вредноста на цела наша ПМФЛ е скокната, досега беше 39.090.000 евра а сега 41.250.000 евра.

ПретходноФИФА ќе дозволи Русија да се врати во меѓународните натпреварувања
СледноМбапе, Јамал, Дембеле… Кој ќе биде најдобар на „Глоуб Сокер Авордс“?