Хаосот во Меделин донесе 59 повредени (ВИДЕО)

126
Она што требаше да биде празник на фудбалот во големото дерби на колумбискиот фудбал помеѓу екипите на Атлетико Насионал и Депортиво Индепендиенте се претвори во хорото приказна која донесе 59 повредени.
Инаку локалната пресметка на Меделин, на стадионот Атанасио Гирардот, објект кој што овие два клуба го делат како домаќини по завршувањето на истата се претвори во тотален хаос и безредие.
Медиумите во Колумбија пренесуваат дека вистинска среќа е што нема жртви затоа што се пронајдени ножеви, остри предмети, палки и што ли не кај навивачите на трибините. А за штетата на стадионот и да не зборуваме. Огромен дел од инвентарот е искршен.

 

 

 

ПретходноЕвролига: Дебакл на Партизан во Литванија, Дубаи го победи Ефес
СледноБолоња го елиминираше Интер и ќе се бори за титула во Супер купот на Италија