Кошаркарите на Маџари, и тоа како гости, во меч од 11.коло во нашата елитна лига, успеа да освари убедлива победа кај составот на Ангели со 77:101
Ова беше шеста победа на Маџари, а десетти пораз на тимот на Ангели.
Уште во првата четвртина фаворитот на оваа средба покажа сила и успеа да го добие овој период од мечот со 12:25. Во втората четвртина домашите кошаркари пружија сиелн отпор, но и оваа четвртина ја загубија со 24:25.
Во продолжение на средбата, Маџари повторно одигра квалитетно, сосема добро како во нападот така и во одбрата и го доби третиот период со +10 поени разлика.
Во последната фаза од сребата, Маџари како да “дигна рачна“, а и немаше којзнае каква потреба за нешто друго, 24:24 беше на крајот на четвртината па сепак на крајот дојде до убедлива победа од 24 поени разлика.
Ренг со 19 поени беше најефикасен кај домашните, додека Грин и Лукановски запишаа по 18 поени кај победничкиот гостински тим.










