Во дербито на дното Феникс 2010 со победа против Гостивар

21

Во дербито на дното, вечерва како домаќин, составот на Феникс 2010 успеа да го победи Гостивар со 77:56.

Може да се каже и рутински триумф на домашните кошаркари, се разбира ако не ја сметаме првата четвртина која заврши со резултат 13:13. Од тогаш па се до крајот на паркето Феникс 2010 беше далеку подобар и дојде до заслужена победа. Ова беше четврта победа на Феникс 2010 и десетти пораз на кошаркарите на Гостивар кои и натаму се претпоследни, додека последен е тимот на Ангели, додека Феникс 2010 скокна две места на табелата со 15 бодови.

Откако првата четвртина заврши со тие 13:13, домашните кошаркари заиграа далеку подобро и веќе во вториот период стигнаа до +10.

И во “второто полувреме“ Феникс 2010 ги контролираше настаните на теренот и на крајот дојде до заслужена победа.

Во домашниот табор се истакна Матеус со 17 поени, Ниах запиша еден помалку, додека кај гостите најефикасен беше Абрам со 21 поени.

ПретходноЛеванте се спаси од пораз во 90+4.минута и тоа со гол од пенал!
СледноМилојевиќ си замина без поздрав, Станковиќ на клупата на Ц. Звезда!