Во Радовиш викендов беше свечено откриена „Бистата на борачите“, која е посветена на најголемиот успех во историјата на боречкиот клуб „Бучим“.
Пред точно 30 години во Радовиш, боречкиот клуб „Бучим“ ја освои европската титула која и ден-денеска е гордост не само на клубот, градот Радовишм туку и за цела Македонија.
Овој споменик е траен белег на таа историска победа. Донатор на оваа биста е проф. д-р Ванчо Чифлиганец.










