Еспањол ја покори Баскија!

23
ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB

Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера. Алекс Беренгер го доведе баскискиот тим во водство во 38-та минута, а Еспањол израмни шест минути подоцна со волеј гол на Карлос Ромеро.
Победата за тимот од Барселона ја донесе Пере Мила во 52-та минута.
По петтата победа во низа, сега Еспањол е на петтото место во Примера со 33 бода, а Атлетик Билбао е на осмата позиција со 23 бода.
Во следното коло, Еспањол ја пречекува Барселона во градското дерби, додека Атлетик Билбао е домаќин на Осасуна.

ПретходноФулам со “минималец“ до победа против “Шумарите“!
СледноДијамантот со златниот медал по триумфот во Супер Купот на Италија!