Дени Мусовски, барем според најавите набрзо веројатно ќе го облече дресот на Македонија. Искусниот напаѓач на Сиетл, клуб во МЛС, бил контактиран од ФФМ и претседателот Масар Омерагиќ и тој со задоволство ќе прифати да игра за нашата А-репрезентација.
Ова го кажа самиот Омерагиќ на денешниот брифинг со новинираите и откри дека и ФФМ и тој лично е на “линија“ со Македонецот во САД.
“Со задоволство ќе прифатам повик за Македонија“ бил одговорот на Мусовски по тие контакти со него.
Исто така разговрано е и со Андреј Тодороски, и за него “СортСпорт“ во повеќе наврати пишуваше, и тој начелно прифатил да игра за Македонија.
Со него ситуацијата е малку комплицирана поради австрискиот пасош кој го поседува. И ако игра за Македонија ќе мора да се откаже од австрискиот, и затоа се бара начин како овој проблем да се реши и Тодороски да игра за нашата А-репрезентација.
Инаку Тодороски веќе бил на разговор во ФФМ деновиве.
Што се однесува до Милан Илоски, кој игра за Филаделфија во МЛС, со кого е контактирано по телефон, одбил да игра за Македонија, сакал да се фокусира на настапите на неговиот клуб.










