Ракометарите во “турбо ритам”, се “билда” победничкиот дух пред ЕП (ФОТО)

114

Македонската ракометна репрезентација трет ден се подготвува за претстојното Европското првенство 2026. Избраниците на Кирил Лазаров ќе играат во Хернинг, а за противници ќе ги имаат селекциите на Данска, Португалија и Романија.

Во рамките на подготовките нашите ракометари ќе одиграат засега четири пријателски натпревари, првиот е на 28 против Хрватска во Пореч.

Македонија се тренира во салата Автокоманда, а атмосферата е одлична. Тивко, без помпа, се гради победничката формула.

ПретходноИзборот на најдобрите се враќа на програмата
СледноКлубот на Елмас може да се соочи со голем проблем!