Руската атлетичарка Анџелика Сидорова е втората атлетичарка во историјата која во скок со стап прескокнала преку пет метри. Сидорова, сребрена од ОИ во Токио, во финалето на Дијамантската лига во Цирих прескокна 5,01 метар.
Само нејзината сонародничка Јелена Исинбаева имала четири подобри резултати од неа во скокови со стап и преку пет метри. Светската рекордерка прескокнуваше 5,03 потоа 5,04 па 5,05 и 5,06 метри.
После нив најдобар резултат има Американката Сенди Морис со прескокнати точно 5 метри.
FOTO> European Athletics










