Вархолм три години е непобедлив на 400 метри со пречки

150

ФОТО: Twitter/European Athletics

Олимпискиот шампион и светски првак и рекордер на 400 метри со пречки Карстен Вархолм го освои дијамантскиот трофеј за 2021 година во финалната серија од Дијамантската лига во Цирих. Норвежанецот триумфираше со резултат 47,35 стотинки. Бронзениот од ОИ во Токио Алисон дос Сантос од Бразил заврши втор со резултат 47,81 секунда, а Кајрон Мекмастер заврши трет со 48,24 секунди.

Во женска конкуренција, третата од Олимпијадата во Токио Фемке Бол триумфираше на 400 метри со пречки во женска конкуренција. Таа постави нов рекорд на турнирот во Цирих од 52,80 секунди. Топ 3 во престолнината на Швајцарија ја комплетираа Американката Шамиер Литл со 53,35 секунди и Ана Рижикова од Украина со 53,70 секунди.

ПретходноМбома постави светски рекорд на 200 метри, триумф на Беднарек кај мажите
СледноМеси реализира хет-трик и стана најдобар голгетер во Јужна Америка (видео)