Напаѓачот Серхио Агуеро изјави дека не жали што од Манчестер Сити премина во Барселона на крајот на минатата сезона. Аргентинецот пристигна на „Ноу Камп“, а во меѓувреме каталонскиот клуб го напуштија Лео Меси и Антоан Гризман. Сепак, Агуеро не жали и со гордост ќе го носи дресот на повеќекратниот шпански и европски шампион.
„Кога го напуштав Манчестер Сити се беше кристално јасно. Сакав да играм за Барселона и ништо друго не ме интересираше. Бев свесен дека во Барселона ќе добивам помалку пари отколку во Сити но бев решен да се откажам од голема плата за да дојдам на Ноу Камп. Мислам дека секој фудбалер би се откажал од пари за да игра за Барселона“, изјави Аргентинецот.
Агуеро ќе добива по 6 милиони евра годишно во Барселона, речиси четири пати помалку отколку во Сити.