Озил си заминува од Фенербахче?

621

Поранешниот фудбалер на Арсенал Месут Озил е несреќен во Фенербахче, тврди шпанскиот „Диарио АС“. Озил во јануари потпиша тригодишен договор со турскиот великан откако ја прекина соработката со „топчиите“, дојде на „Шукру Сарачоглу“ со големи надежи меѓутоа не се снаоѓа најдобро.

„Диарио АС“ информира дека поранешниот германски репрезентативец планира да го напушти Фенербахче кога повторно ќе се отвори преодниот рок, а интерес за него пројавуваат клубови од МЛС и од Катар.

Озил во кариерата играше уште за Вердер и Реал Мадрид, а пред да прејде во Фенер изјави дека тоа е клуб за кој навива од дете и во Турција би играл само за тој клуб. Дојде во редовите на „жолто-сините“ но досега не делува импресивно.

 

ПретходноАгуеро: Секој фудбалер би се откажал од пари за да игра за Барса
СледноМакедонија У-17 против Србија и Кипар на турнир во Скопје