Џошуа е стабилен, починаа членовите на тимот

116

Боксерскиот свет денес беше потресен од веста за сериозната сообраќајна несреќа во Нигерија во која беше вклучен познатиот боксер Ентони Џошуа. Двајца од неговите најблиски пријатели и членови на тимот, Сина Гами и Латиф Адојеле, трагично загинаа во несреќата, додека самиот Џошуа беше повреден и однесен во болница.

Веста официјално ја потврди неговиот промотор Matchroom Boxing, кој издаде соопштение за медиумите пред неколку минути.

„Ентони Џошуа беше вклучен во сообраќајна несреќа во Лагос порано денес. Со длабока тага потврдуваме дека двајца блиски пријатели и членови на тимот, Сина Гами и Латиф Адојеле, трагично починаа“, се вели во соопштението, во кое се додава:

„Matchroom Boxing и 258 BXG можат да потврдат дека Ентони претрпел повреди во несреќата и е однесен во болница на проценка и лекување. Неговата состојба е стабилна и тој ќе остане таму на набљудување.

ПретходноПедри ја започнува 2025 година со неверојатно достигнување
СледноВетено – сторено: ФФМ целосно го обнови теренот број 1 на ТЦ „Петар Милошевски“ (ВИДЕО)