Ц.Звезда е во минус од 60 милиони евра, двојно повеќе од Партизан!

401

 

Надлежната Агенција во Р. Србија, објави колку должат или колку се во минус двата најголеми фудбалски клубови во таа земја, Ц.Звезда и Партизан.

Па така “црвено –белите“ само за 2020 година имаат долг од 14.328.561 евра, додека Партизан има долг од 6.413.838 евра.

Инаку српските медиуми пишуваат дека вкупниот или акумулираниот долг на Ц. Звезда е 60.040.000 евра, додека оној на Партизан 29.280.000 евра.

За овие долгови најголема вина се гледа во корона кризата во изминатиот период, потоа неможноста да се направат големи трансфери во европските клубови како и намалените приходи од ТВ правата и продадените влезници.

Да потсетиме дека Ц. Звезда веќе трета сезона поред нема да игра во групната фаза во Лигата на Шампионите.

ПретходноТурција и Ѓунеш се разделија по катастрофата од Холандија
СледноНејмар со порака: Ова е ДЕБЕЛКОТО!