Артета во проблеми: Арсенал без најдобриот на дербито со Астон Вила!

75
ФОТО: Arsenal/FB

Вечерва на „Емирејтс“ во Лондон од 21.15 часот се игра големото дерби во рамките на 19.коло во Премиерлигата меѓу Арсенал и Астон Вила. Меч кој цел фудбалски свет го очекува со големо внимание ако се знае дека Арсенал е лидер на табелата а Вила е трета со -3 бода од “топџиите“.

Сега веќе е јасно дека стратегот на домашните, Микел Артета, си има проблеми. Имено не ќе може да смета на повредниот Деклан Рајс, секако најдобриот фудбалер на Арсенал.

Сите во Арсенал се надеваат дека Деклан Рајс ќе биде отсутен за кратко време, но не сакаат да ризикуваат. Јасно е дека Рајс е еден од клучните играчи во средниот ред на „топџиите“ и прашањето е како Артета ќе го замени вечерва. „Топџиите“ со тоа ја завршуваат календарската година дома против Астон Вила, и им е потребна победа за да останат на водечката позиција. Од друга страна, Астон Вила и Унаи Емери бркаат три бода за да се приближат до тоа прво место и ја продолжат фантастичната серија од 11 победи во низа или осум во Премиерлигата.

Претходно„Војникот“ на Пеп го напушта Сити?!
СледноСе огласи и Денвер: Еве колку Јокиќ ќе паузира! (ФОТО)